Top Sport

Рекордерот Петерхансел со победа, катастрофа за шампионот Саинс

Стефан Петерхансел ја освои својата прва етапна победа на Дакар релито 2019 во средата, додека надежите за одбрана на титулата на неговиот колега од Мини, Карлос Саинс речиси сигурно завршија.

Откако загуби 20 минути во вторникот поради „почетничка грешка“, 13-кратниот шампион од Дакар, Петерхансел ја контролираше третата етапа од 331 километри од Сан Хуан де Маркона до Арекипа. Французинот на крајот имаше предност од 3 минути и 26 секунди пред својот катарски ривал во Тојота, Насер Ал-Атијах, за да скокне од 13. место на третото во генерален пласман.

Досегашниот лидер, Жиниел де Вилиер заглави во дините, и Ал-Атијах сега е лидер во генерален пласман со 6:48 предност пред Јазид Ал-Раџи, по што доаѓа Петерхансел и Нани Рома. Себастиен Леб имаше лоша етапа и заврши 42 минути зад Петерхансел и сега е осми во генерален пласман со 38 минути заостанување.

По лошо етапата ќе ја памети Саинс, кој ја скрши предната суспензија на своето баги на 39 километри од стартот и беше стопиран 3 часа и 15 минути.

Фото: ЕПА

Scroll to Top