Top Sport

Реал се врати на победите во Рим, Фелаини во 91. минута ги однесе Jунајтед во осминафинале (видео)

По катастрофалниот 3:0 пораз од Еибар во текот на викенд, Сантијаго Солари и Реал Мадрид се вратија на победите со 2:0 триумф на „Олимпико“ против слабата Рома, додека пат во осминафиналето „визираа“ и Баерн Минхен со висока победа над Бенфика, Манчестер сити и од групата Х, Јувентус и Манчестер јунајтед на најдраматичен можен начин.

Реал Мадрид и Рома веќе беа во осминафиналето откако во мечот од 19 часот Викторија го совлада тимот на ЦСКА Москва, така што во вечниот град се играше за чест. Победата на „кралевите“ беше обезбедена на почетокот на второто полувреме, кога Бејл во 47. минута и Лукас во 59. минута стрелаа за 2:0 триумф.

Баерн Минхен, уште еден голем клуб во криза, се врати на победите со импресивно 5:1 „демолирање“ на Бенфика, благодарение на двата прекрасни голови на Арјен Робен, на уште два гола на Роберт Левандовски и на голот на Франк Рибери во последните 15 минути од мечот.

Најинтересни резултати имаше во групата Ф – Хофенхајм се врати од 0:2 негатива за 2:2, но на крајот загуби со 2:3 од Шахтјор, додека Манчестер сити исто така се враќаше за 2:2 реми со Лион. Сити со овој поен е сигурно во осминафиналето, додека Лион ќе мора да обезбеди резултат против директниот ривал Шатхјор во последниот меч.

Во групата Х, пак, фантастичната асистенција на Кристијано Роналдо до Марио Манџукиќ беше доволна за 1:0 победа над Валенсија, која беше во игра за осминафинале до крајот на мечот, откако Манчестер јунајтед со гол во 91. минута на Маруан Фелаини успеа да слави со 1:0 над Јанг бојс и да ги елиминира од трката за осминафинале.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА Е

АЕК Атина – Ајакс 0:2

Баерн Минхен – Бенфика 5:1

Табела: Баерн 13, Ајакс 11, Бенфика 4, АЕК 0

ГРУПА Ф

Хофенхајм – Шахтјор 2:3

Лион – Манчестер сити 2:2

Табела: Манчестер с. 10, Лион 7, Шахтјор 5, Хофенхајм 3

ГРУПА Г

ЦСКА Москва – Викторија Плзен 1:2

Рома – Реал Мадрид 0:2

Табела: Реал М. 12, Рома 9, Викторија 4, ЦСКА М 4

ГРУПА Х

Јувентус – Валенсија 1:0

Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1:0

Табела: Јувентус 12, Манчестер ј. 10, Валенсија 5, Јанг бојс 1

РОМА – РЕАЛ МАДРИД

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ЈАНГ БОЈС

ЈУВЕНТУС – ВАЛЕНСИЈА

БАЕРН МИНХЕН – БЕНФИКА

ЛИОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ

Scroll to Top