Реал Мадрид кокетира со ѕвездата на Челси Еден Азар и Белгиецот би требало да биде прва трансфер цел на „кралскиот клуб“ во летниот преоден рок.
Не е тајна дека Азар сака во Реал, во прилог на ова оди и фактот што тој не сака да го продолжи договорот со Челси кој му истекува во 2020 година. Шпекулациите дека Азар сака во Мадрид ги подгреа и информацијата дека неговиот татко имал средба со претседателот на Реал, Флорентино Перез.
Реал наводно е подготвен со трансферот на Азар да го собори светскиот рекорд, кој во моментов го држи ПСЖ кој минатото лето плати 222 милиони евра за Нејмар.
Наводно, за да го олесни трансферот, Реал е подготвен на Челси да му понуди и еден од тројцата играчи Герет Бејл, Карим Бензема или Иско.
Според некои информации Иско би заминал од Реал доколку Зинедин Зидан остане на клупата на Реал. Шпанецот е незадоволен од третманот и фактот дека нема загарантирано место во стартната постава.
Покрај Азар, Реал би можел да тргне и по голманот на Челси, Тибо Куртоа, но само доколку не успеа да го донесе Давид Де Хеа од Манчестер Јунајтед.