Top Sport

Реал сериозно заинтересиран за Хименез

Реал Мадрид, во јануарскиот преоден рок ќе донесе нов напаѓач. Тимот има проблем во нападот откако Карим Бензема ненадејно си замина. Реал, во овој момент има само еден класичен напаѓач, Хоселу, кој беше донесе да му биде резерва на Бензема.

Реал Мадрид внимателно го следи центарфорот на Феенорд, Сантијаго Хименез (22). Мексиканецот во вторникот беше во Мадрид. Тој не играше против Атлетико во Лигата на шампионите, но привлече најмногу внимание кај шпанските новинари.

Сите го прашуваа што мисли за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

„Би сакал да играм за Реал Мадрид, секако. Тоа е голем клуб. Тоа би било фантастично“, изјави Хименез, кој бил изненаден од прашањата.

Мексиканецот сезонава веќе постигна десет гола, а особено се истакна на неодамнешното бурно дерби против Ајакс, кога постигна хет-трик.

Во последната сезона во која Феенорд ја освои титулата во Холандија, тој постигна 33 гола.

Scroll to Top