Реал Мадрид и Атлетик Билбао постигнале договор околу трансферот на голманот Кепа Аризабалага во јануарскиот преоден рок, објави „Марка“.
Реал долго време покажува интерес за 23-годишниот голман, чиј договор со Атлетик истекува по завршувањето на сезоната.
Сепак, во Мадрид не сакале да чекаат до јуни кога Кепа ќе стане слободен играч и кога ќе се зголеми конкуренцијата за добивање на неговиот потпис, поради што Флорентно Перез решил да ја плати откупната клаузула од 20 милиони евра. Голманот ќе има годишна плата од 2,5 милиони евра.
Што ќе значи трансферот на Кепа за голманската хиерархија на „Сантијаго Бернабеу“? До крајот на сезоната во клубот ќе остане Костариканецот Кејлор Навас, а во јануарскиот преоден рок веројатно Кико Касиља ќе го напушти клубот.