Top Sport

Реал со два пенали се врати со победа од Каталонија (видео)

Со тежок почеток, со малку среќа и со два пенали, Реал Мадрид успеа да слави на гостувањето во Каталонија кај Џирона со 4:1, не дозволувајќи шок на „Монтиливи“ во второто коло во Ла лига.

„Кралскиот клуб“ беше шокиран во 16. минута, кога Борха Гарсија „прошета“ половина одбрана на „Лос бланкос“ за ефективен гол и водство на аутсајдерите. Реал успеа да израмни до крајот на полувремето преку капитенот Серхио Рамос во 39. минута од белата точка по очигледен фаул на домашниот одбранбен фудбалер.

Само што почна второто полувреме, во 51. минута уште еден пенал за Реал, кој во сигурен гол го претвора Карим Бензема. Да не испадне дека Реал само од пенал може да постигне гол се погрижи Герет Бејл во 59. минута, кога по одличното додавање од Иско, беше доволно брз и смирен да донесе 1:3 водство. Бејл беше клучени во последниот гол на натпреварот, откако одлично го пронајде Бензема во шестнаесетникот кој ги постави конечните 1:4.

Фото: ЕПА

ЛА ЛИГА, 2.КОЛО

Еспањол – Валенсија 2:0

Џирона – Реал Мадрид 1:4

Севилја – Вилјареал 0:0

Scroll to Top