Top Sport

Реал со големо внимане го следи Дејвис

Според шпанскиот новинар Хозе Феликс Дијаз, Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата околу играчот на Баерн, Алфонсо Дејвис. Проблем е што Канаѓанецот има договор со Баерн до 2025 година, а наводно челниците на баварскиот клуб немаат намера да го продадат.

Реал Мадрид во минатото успеа да ги донесе од Баерн Тони Крос и Давид Алаба, но Алаба се пресели во Мадрид како слободен играч, а Крос беше влезе во последната година од договорот.

Ситуацијата со Дејвис е поинаква и може да се спореди со онаа која ја имаше Роберт Левандовски во 2018 година. Полскиот напаѓач очајно сакаше да го напушти клубот од Минхен и да се пресели во Шпанија, но клубот не му дозволи бидејќи му остана уште многу време од актуелниот договор.

Баерн и Реал имаат долгогодишна добра соработка на менаџерско ниво, па не е исклучено Флорентино Перез да прибегне кон мали трикови за да го намами Канаѓанецот да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top