Top Sport

Реал со „обновена“ понуда за Мбапе од 170 милиони евра

Реал Мадрид ја зголемиле својата понуда за Килијан Мбапе за 10 милиони евра на 170 милиони евра, ставајќи го на тест Пари Сен-Жермен, откако нивната прва понуда од 160 милиони евра беше одбиена, а спортскиот директор на клубот, Леонардо изјави дека понудата била „потценувачка“.

ПСЖ се надеваат дека ќе успеат да добијат барем 180 милиони евра, колку што платија за Французинот кога го добија од Монако, меѓутоа, разликата од 10 милиони евра може бргу да се надополни на неколку дена пред крајот на преодниот рок.

Леонардо веќе призна дека Мбапе сака да замине од клубот, но ги обвини Реал дека даваат понуда која знаат дека ќе биде одбиена за следното лето да го добијат фудбалерот како слободен играч.

По „бомбата“ со преминот на Лео Меси во ПСЖ, остануваат да се реализираат уште два големи трансфери во лудата завршница – тој на Мбапе во Реал Мадрид и тој на неговиот идол Кристијано Роналдо во Манчестер сити. Останува да видиме што ќе се случи.

Scroll to Top