Маките на Реал Мадрид немаат крај. На гостувањето во предградието на Мадрид, Леганес, младиот тим на Зинедин Зидан успеа да оствари предност во првиот меч од четврт-финалето на Кралскиот куп, одигрувајќи 0:1 благодарение на голот на Марко Асенсио во 90-тата минута.
„Лос бланкос“ имаат само една победа во последните пет меча во сите натпреварувања и тоа во минатото коло од Копа дел Реј, кога ги победија Нумансија, за во реваншот да одиграат со 2:2. Под голем притисок на шпанските медиуми, тимот на Зидан гостување на „Естадио мунисипал де Бутарке“ со надеж за победа за кревање на духот.
Без главните ѕвезди и со Ковачиќ, Себалјос, Лукас, Мајорал и Асенсио во игра, Реал едвај успеа да го скрши отпорот на Леганес, кои имаат солидна втора сезона во Ла лига и моментално се на 13. место со само осум поени помалку од четвртопласираните Реал.