Top Sport

Червар: Судиите сакаа да ме убијат

По „циркусот“ кој го приредуваше словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, и хрватскиот стратег Лино Червар изјави дека не му се јасни критериумите на судиите на Евро 2018 откако Хрватска едвај стигна до 25:23 победа над Белорусија.

„Сакаа да ме ’укокаат’, убиството беше подготвено, но не успеаја. Како да играме на гости според овие критериуми. Судењето не ми е јасно. Подготвено убиство, но операцијата неуспешна, нели?“, вели Червар, кој не посочи кои точно одлуки на судиите му пречеа.

Тој исто така ја критикуваше и публиката, бидејќи во загрепската „Арена“ имаше барем 6 илјади слободни места.

„Штета за атмосферата“, додаде Червар.

Хрватска едвај против „жилавата“ Белорусија (видео)

Scroll to Top