Top Sport

Реал трета вечер ќе преспијат во Памплона

Фрустрациите на Зинедин Зидан ќе се зголемат, откако фудбалерите на Реал Мадрид ќе преноќат трета вечер во Памплона, по што директно ќе летаат за Малага за првиот меч од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао по снежната бура Филомена во Шпанија

Зидан ја критикуваше одлуката мечот против Осасуна во саботата да не се одложи и покрај лошите временски услови, а бидејќи неговиот тим едвај стигна во петокот по четиричасовно чекање на аеродромот, сега останува уште едно преноќување во Баскија, пред мечот во четврток против Атлетик.

Бидејќи Барахас аеродромот покрај Мадрид остана затворен во неделата и ќе се отвори во понеделник за пристигнувања, управата на Реал реши во понеделник наутро да се лета за Малага, каде што ќе се остане до мечот со Атлетик.

Зидан бесен што мечот со Осасуна воопшто се одигра: Тоа не беше фудбал

 

Scroll to Top