Top Sport

Реал во Билбао без 11 фудбалери

Коронавирусот, повредите и суспензиите го преполовија реал Мадрид пред вечерашниот дуел со Атлетик на „Сан Мамес“, во Билбао.

Осуммина заразени се во карантин, тоа се Модриќ, Бејл, Асенсио, Родриго, Алаба, Иско, Марсело и резервниот голман Лунин. Повредени се десниот бек Карвахал и Дани Себаљос, додека поради акумулирани жолти каротни дуелот ќе го пропушти Касемиро.

Поради кадровските проблеми, тренерот Карло Анчелоти, за дуелот повика седум играчи од младинскиот тим, кои ќе седат на клупата за резерви.

Натпреварот, вечерва ќе започне во 21.30 часот.

Scroll to Top