Top Sport

Реал во криза, кој е виновен?

Реал Мадрид доживеа уште еден пораз на „Сантијаго Бернабеу“, губејќи од Вилјареал со 0:1, по што во шпанските медиуми веднаш се бараат одговори за поразот.

Тренерот Зинедин Зидан не сака да ги обвинува своите играчи, велејќи дека тие не заслужиле пораз, кој беше запечатен со одличен гол на Пабло Форналс во 87. минута.

„Не го заслужуваме ова. Мислам дека одигравме добар меч . Но, самодовербата ни е на ниско ниво. Имавме шанси за голови, но сега ситуацијата е за.бана за нашите играчи. Мораме да продолжиме да работиме бидејќи работите ќе дојдат на своето место. Мораме да понеме да победуваме и да не гледаме на табелата, туку на следниот меч“, вели Зидан, човекот кој во 2016/17 донесе еден куп титули за „кралскиот клуб“.

Дани Карвахал беше подиректен и изјави дека тие играчи кои не веруваат во силата на Реал, треба едноставно да си заминат.

„Резултатот не ја покажува нашата работа во 90 минути. Тешка ситуација, но тие кои не веруваат во нашиот тим можат да заминат. Тешко е да се објасни што се случува, но тоа е фудбалот. Тренерот не е виновен, бидејќи е целосно со нас како кормилар на бродот, во кој сме сите ние“, вели Карвахал.

Кристијано Роналдо двапати ја погоди стативата, а пред полувремето пропушти „златна“ шанса и сега Барселона има 16 поени предност, а и место во топ 4 веќе не изгледа гарантирано.

Шпанскиот печат дефинитивно нема да биде милозлив кон „Лос бланкос“ во следните денови.

Реал немоќен пред „жолтата подморница“ (Видео)

Scroll to Top