Top Sport

Валенсија остана во „трката“ со Барселона (видео)

Валенсија се намачи, но стигна до важна 2:1 победа над Депортиво Ла Коруња на „Риазор“ за да остане на третото место во Ла лига и да се доближи на два поени до второпласираните Еибар и осум зад Барселона, која има натпревар помалку.

„Лос че“ стигнаа до трите поени по головите на Гонсало Гуедес во првото полувреме и Родриго во второто, пред Флорин Андоне да го направи интересен финишот на мечот и да намали на 2:1.

Валенсија пред зимската пауза имаше три порази во четири меча, но сега се покажува дека кризата е надмината, а со победата уште поважно се на осум поени пред Реал Мадрид.

Scroll to Top