Реал Мадрид продолжува со одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Со две рутински победи од по 2:0, Реал го елиминираше Челси во четвртфиналето. Противник во полуфиналето ќе му биде Манчестер сити.
Екипата на Карло Анчелоти ќе се бори за пехарот во Купот на Кралот, додека шансите за одбрана на титулата во Примера се сведени на теорија.
Почетокот на наредниот месец ќе биде исклучително тежок за Реал и неговите амбиции.
Во рок од седум дена, Реал ќе одигра три исклучително тешки натпревари.
На 2 мај Реал Мадрид гостува кај Реал Сосиедад во дербито од 33.коло во шпанското првенство.
Потоа на 6. мај „кралскиот клуб“ ќе го одигра финалето во Купот против Осасуна и конечно за 9 мај е закажан првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер сити.