Top Sport

Реал во наредните 24 часа ќе го смени Лопетеги!?

Лопетеги за тренер беше именуван непосредно пред почетокот на Светското првенство во Русија, поради што беше отпуштен од селекторската функција во шпанската репрезентација. Четири месеци подоцна 52-годишниот тренер се наоѓа пред отказ и во Реал.

Реал нема победа во шампионатот на последните четири натпревари. Во саботата екипата на Лопетеги загуби на домашен терен од Леванте (1:2).

„Кралскиот клуб“ со скромни 14 бода, по девет кола, се наоѓа на шестото место на табелата, во наредната рунда, в сабота, го очекува дербито со Барселона.

„Скај спорт“ се занимава и со името на наследникот на Лопетеги. Иако досега најмногу се говореше за Антонио Конте, претседателот на клубот изгледа се откажал од Италијанецот, бидејќи тој ги нема расчистено односите со Челси.

Според овој извор, во опција за нов тренер се имињата на двајца поранешни играчи на клубот, Хосе Марија Гуриерез, во светот на фудбалот познат како Гути и Сантијаго Солари.

Гути во моментов му е прв асистент на Сенол Гунеш во екипата на Бешикташ, додека Аргентинецот Солари е тренер во младинските категории и ги предводи Реал Кастиља.

На овие тврдења на „Скај спорт“ се надоврзаа и шпанските медиуми, а влијателната „Марка“ пишува дека Лопетеги ќе добие отказ во наредните 24 часа.

Scroll to Top