Весникот „Марка“, традиционално наклонет кон Реал, објави дека мадридскиот клуб ја започнал „Операцијата Нејмар“.
Истиот извор, тврди дека Нејмар повеќе не сакал да биде дел од ПСЖ и дека на почетокот на неделата таткото на фудбалерот тоа и му го соопштил на претседателот на клубот Насер Ал Келаифи.
ПСЖ, минатото лето, за трансферот на Нејмар, на Барселона и плати 222 милиони евра.
Бразилецот бил разочаран од квалитетот на француското првенство, од поддршката на соиграчите, а „Марка“ пишува дека ладни се односите помеѓу него и Аргентинците во тимот на ПСЖ (Ди Марија, Ло Селсо, Пасторе) и миленикот на навивачите Квани.
Трансфер цел на Реал, Нејмар станал на 7.декември, на доделувањето на „Златната топка. Наводно, тогаш тој им рекол на челниците на Реал, дека побарал трансфер за да може да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Прашањето што го поставува и „Марка“ е колку Реал ќе треба да плати за Нејмар? Сумата се движи помеѓу 260 и 300 милиони евра. Она што би можел да му преставува проблем на Реал е неговата плата. Нејмар во ПСЖ годишно заработува 37 милиони евра.
Само за споредба најдобриот играч на Реал, Кристијано Роналдо, има плата од 23 милиони евра.
Флорентно Перез трет пат ќе се обиде да го донесе Нејмар во Мадрид, откако претходните два обид завршија неуспешно. Перез не успеа да го договори Бразилецот во 2013 година, тогаш тој заврши во Барселона, а се обиде и три години подоцна, но и тогаш Нејмар остана на „Камп Ноу“.