Од спонзорски натписи на дресовите најмногу во фудбалскиот свет заработува актуелниот шампион на Шпанија – Реал Мадрид.
Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ кој сезонава настапува на стадионот „Алфредо ди Стефано“ од авионската компанија „Emirates“ годишно заработува по 82.5 милиони долари.
Втор зад „Кралевите“ по заработката од рекламата на дресовите е Манчестер Јунајтед „TeamViewer“ кој годишно инкасира по 64.9 милиони долари, а веднаш зад нив на третата позиција е Барселона „Rakuten“ со 64.8 милиони евра годишна заработка
Еве каков е распоредот на останатите клубови според висината на заработката:
ПСЖ – „Accor“ – 57 милиони долари
Арсенал – „Emirates“ – 56 милиони долари
Ливерпул – „Standard Chartered“ – 55.3 милион долари
Челси – „Three“ – 55.2 милиони долари
Јувентус – „Jeep“ – 53.милиони долари
Тотенхем – „AIA“ – 50 милиони долари
Баерн Минхен – „Deutsche Telekom“ – 35.4 милиони долари