Top Sport

Шпанска телевизија со ексклузивка: Меси останува во Барселона!

Францускиот шампион, ПСЖ се чини дека нема да успее да дојде до потписот на Лео Меси (33) иако минатото лето наголемо се пишуваше за ваквата можност.

Тивко, без многу гламурозност, Аргентинецот започнал преговори за продолжување на договорот со каталонскиот клуб, пред се поради промената на претседателската позиција во клубот од „Ноу Камп“.

Шпанската телевизија „TVE” денеска објави ексклузивна информација од состанокот помеѓу Меси и претседателот на клубот, Лапорта. Наводно аргентинскиот ас прифатил да остане во Барса, дури и со намалена плата.

Барањата на актуелниот капитен на Барселона се тимот да остане конкурентен и способен да се бори со најдобрите на сите фронтови, а бара и подолгорочен договор како би можел да остане во клубот и по престанокот со активното играње фудбал.

Моментната плата на Меси во Барса е 71 милион евра.

Scroll to Top