Еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот, Карло Анчелоти, најави дека ќе се пензионира кога ќе му заврши договорот со Реал Мадрид. Освојувачот на четири трофеи во Лигата на шампионите, има договор со „кралскиот клуб3 до крајот на сезоната 2023/2024. ЕСПН, објави дека Флорентино Перез веќе знае кој ќе го наследи легендарниот Италијанец.
Кога Анчелоти ќе замине во пензија, на неговото место ќе дојде трофејниот фудбалер Чаби Алонсо.
Алонсо, тренерската кариера ја започна во Б-тимот на Реал Сосиедад, а пред две недели ја доби првата работа во сениорскиот фудбал. Екс фудбалерот на Сосиедад, Реал, Ливерпул и Баерн, стана тренер на Баер Леверкузен.
Алонсо занаетот го учеше од Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Анчелоти и голем број други големи тренери и дефинитивно одлично го познава фудбалот.
Дресот на Реал го носеше од 2009 до 2014 година.
Перез во минатото не се плашеше да им даде шанса на неискусните тренери, како што беше случајот со Зинедин Зидан кој го презеде Реал и освои три ЛШ во низа.