Најталентираниот фудбалер во Црна Гора, 17-годишниот играч за врска на Будуќности од Подгорица, Василије Аџиќ, се пресели во Јувентус.
Конечниот договор за преселба на момчето родено 2006 година во Торино е постигнат денеска, пишуваат медиумите во Црна Гора, а сумата на трансферот ќе биде историска, дури 5.500.000 евра.
Ова е најголем трансфер во историјата клуб од Црна Гора. Будуќност задржа и одреден процент од евентуалната следна продажба на фудбалерот.
Аџиќ нема веднаш да игра во Серија А, туку ќе остане во Подгорица следната полусезона како позајмен играч на „старата дама“, а потоа ќе се пресели во најтрофејниот италијански клуб.
Аџиќ за Будуќност одигра 23 натпревари во сениорскиот фудбал, постигна шест гола и забележа две асистенции.