Спортскиот директор на Ајнтрахт од Франкфурт, Фреди Бобич, говорел за можниот трансфер на Лука Јовиќ во Реал Мадрид.
Вечера шпанските медиуми објавија дека Реал ги победил конкурентите Баерн, Челси и Барселона и дека српскиот репрезентативец ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 60 милиони евра.
„Големи се шансите Јовиќ да потпише за Реал. Се надевам и сакам да остане во Ајнтрахт, но во исто време сум и реален, знам дека кога гигант каков што е Реал сака да донесе наш играч, дека тука ние немаме шанси да го задржиме“, рекол Бобиќ за телевизијата „ЗДФ“.
Ајнтрахт минатата недела го откупи договорот на Јовиќ од Бенфика за шест милиони евра. Јовиќ, изминатите две сезони за Ајнтрахт играше како позајмен фудбалер. Оваа сезона тој има постигнато 25 гола.