Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ.
Според добро информираниот италијански новинар Николо Шира, Ребиќ договорил се со турскиот клуб и се очекува во сабота да пристигне во Истанбул на лекарски прегледи.
За да се ослободи од Ребиќ, Милан се согласи да го пушти во Бешикташ без оштета. Може да заработи 2.000.000 евра доколку бидат исполнети клаузулите во договорот.
Ребиќ ќе потпише договор со Бешикташ до 2025 година, а постои можност истиот да биде продолжен за уште една сезона.