Top Sport

Ребиќ експресно ќе замине од Милан

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ бил подготвен да го напушти Милан. Ребиќ во финишот на преодниот рок пристигна на „Сан Сиро“ откако на Милан им пропадна трансферот на Анхел Кореа. Во досегашниот дел од сезоната тој има одиграно само 189 минути.

Милан го донесоа Ребиќ на две годишна позајмица со можност потоа да го откупат неговиот договор за сума од 25 милиони евра. Германските медиуми тврдат дека Ребиќ во јануарскиот преоден рок ќе се врати во Бундес лигата, односно во својот матичен клуб Ајнтрахт.

Наводно Ребиќ добил совет од селекторот на Хрватска Златко Далиќ да замине од Милан и да се најде тим каде ќе игра стандардно.

Scroll to Top