Top Sport

Србија без Милосављев на Европското првенство

Дејан Милосављев поради повреда ќе го пропушти Европското првенство. Европскиот првак со Вардар минатата сезона го повредил коленото. Од неговиот клуб Фуксе Берлин информираат дека тој бил опериран и дека му претстои пауза од четири до шест недели.

Ова се лоши вести за српската репрезентација бидејќи на континенталниот шампионат ќе бидат без својот прв голман. Српскиот селектор Ненад Перуничиќ на голманската позиција има уште повика тројца играчи: Цупара, Иванишевиќ и Јандриќ.

Дејан Милосављев минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Лигата на шампионите.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 јануари наредната година. Србија ќе се натпреварува во А-групата против Хрватска, Белорусија и Црна Гора.

Scroll to Top