Top Sport

Ребиќ го остави Јуве без триумф по четири кола во Серија А

Милан е непоразен по 4 кола во Серија А, додека Јувентус нема победа по 360 минути игра во новата сезона. Дербито во Италија предмалку заврши со поделба на пленот 1-1.

„Старата дама“ на ваков лош старт на сезоната не памети уште од пред 60-тина години.

Милан во второто полувреме беше и поблиску до триумф, ако се земе во предвид дека со голот на Алваро Мората, по контрата во четвртата минута, Јуве имаше водство од 1-0.
Милан израмни со одличниот гол на Анте Ребиќ со глава, на асистенција на Тонали во 76 минута.

Најголемата шанса за целосен пресврт „Росонерите“ ја имаа преку Калулу во 86 минута. Излезе во одлична прилика од десната страна по асистенцијата на Тео Ернандез, биеше под пречката, но Шчесни со одлична интервенција спречи водство на противникот.

По 4 кола Милан со 10 бода се израмни на врвот на табелата со Интер, додека Јуве досега собра само 2, доволни за 18-тата позиција.

Scroll to Top