Милан вчера со 4:1 победи на гостувањето кај Лече, тим кој ќе се бори за опстанок во Серија А по враќањето оваа сезона, но од клубот можеа само да му честитаат на хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ по интересната случка на стадионот „Виа дел маре“.
По постигнатиот гол, наместо да го прослави, Ребиќ реши да оди и да гушне едно од момчињата кои собираат топки.
Денеска, од Лече објаснија дека Ребиќ го забележал нерасположеното 19-годишно момче и сакал да го развесели.