Анте Ребиќ вели дека сака да „остави впечаток“ во Милан и признава дека ситуацијата не е таква како што очекувал кога пристигнал на „Сан Сиро“.
Ребиќ стана инстант-херој, откако како замена постигна два гола против Удинезе за драматична 3:2 победа над Удинезе, но уште нема стартувано за „росонерите“. 26-годишниот Хрват, кој дојде од Ајнтрахт Франкфурт, не го губи ентузијазмот, но знае дека ќе биде потребно време.
„Не очекував ваква ситуација кога пристигнав, но работите полека доаѓаат на место. Имаме млад и квалитетен тим и останувам оптимист. Дојдоа неколку искусни фудбалери оваа зима, Ибрахимовиќ, Беговиќ и Кјер и резултатите се подобруваат“, вели Ребиќ во интервју за „Спортске новости“.
Тој признава дека најимпресиониран е од Ибрахимовиќ и покрај неговите 38 години.
„Ибрахимовиќ е еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Тој е големо засилување и од неговото искуство ќе добијат сите. Тој е позитивен карактер и носи победнички менталитет. Вистинска чест е да се игра против него“, додава Ребиќ.