Речиси една третина од мечевите од овогодишната Лига на шампиони се еднострани и завршуваат со разлика од три гола или повеќе, се вели во анализата на швајцарскиот институт „ЦЕИС фудбалска опсерваторија“.
„ЦЕИС“ ги анализираше резултатите во 29 европски натпреварувања – 27 домашни лиги плус Лигата на шампиони и Лигата на Европа, и откри дека бројот на „многу еднострани“ мечеви се зголемил во 20 од тие натпреварувања.
„Оваа анализа покажува дека има конкурентна нееднаквост во европскиот фудбал“, се вели во извештајот на „ЦЕИС“.
Неодамна, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин изјави дека недостатокот на конкурентност е најголемиот проблем за европскиот клуб.
Во Лигата на шампиони, на пример, доминираат неколку елитни клубови, додека во многу национални шампионати шампионот се знае одамна, како во Бундеслигата (Баерн Минхен) и Премиер лигата (Манчестер сити).
Студијата оценува дека Лигата на шампиони има најмногу натпревари со разлика од три или повеќе голови (29.5 отсто), во споредба со 21 отсто минатата сезона. Во петте топ европски лиги, оваа цифра беше најголема во Премиер лигата (21.9 отсто), а најмала во Бундеслигата (11.1 отсто).