Top Sport

Речиси сите во Волфсбергер имале позитивен тест

Минатата недела во фудбалскиот клуб Волфсбергер фудбалери биле тестирани на коронавирусот. Резултатите биле шокантни, речиси сите фудбалери имале антитела.

Ова значи дека тие биле заразени со вирусот, но немале никакви симптоми, пишува „Клајне Цајтунг“.

Доколку резултатите од тестот се исправни тоа значи дека фудбалерите стекнале имунитет на коронавирусот.

Од австрискиот клуб ќе побараат детална проверка на резултатите.

Scroll to Top