Top Sport

Сампдорија и Спортинг на суд поради Бруно Фернандес

Спортинг Лисабон се огласи во врска со наводите за спорниот трансфер на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед. Трансферот ќе го истражува ФИФА откако Сампдорија, поранешниот клуб на Фернандеш, побара од Спортинг 4,6 милиони евра.

„Со прекинот на договорот помеѓу фудбалерот и клубот, летото во 2018 година, престанаа да важат договорените клаузули“, тврдат од Спортинг.

Португалците тврдат дека немаат никакви обврски кон италијанскиот клуб. Сампдорија од Спортинг бара да им исплати 10 отсто од трансферот, односно 4,6 милиони евра.

„Потврдуваме дека на 3 април Сампдорија поднесе тужба против Спортинг. Клубот бара да бидат исполнети финансиските обврски според договорениот трансфер на Бруно Фернандес. Истрагата е во тек и поради тоа не можеме да откриеме повеќе детали“, соопштиле од ФИФА.

Scroll to Top