Top Sport

Ред бул ти дава крилја – Салцбург и Лајпциг со победи во ЛШ

Двата клуба кои како главен спонзор го имаат Ред бул, германскиот РБ Лајпциг и австрискиот Ред бул Салцбург стигнаа до важни победи во третото коло од Лигата на шампиони. Лајпциг со 3:1 беше подобар од Селтик, додека во Австрија, Салцбург извлече 1:0 победа над Динамо Загреб.

Салцбург пристојно се „испоти“ со незгодните Динамо, и им беше потребен пенал во 71. минута да го „скршат“ отпорот на „модрите“, откако Ноа Окафор без проблеми го совлада Ливаковиќ. За Динамо ова е втор пораз во низа по шокантната 1:0 победа на Челси и ќе имат шанса да им се одмаздат на Австријците следната недела во Загреб.

Лајпциг, пак, по двата убедливи порази од Реал Мадрид и Шахтјор Доњецк, со 3:1 го совлада шкотскиот Селтик. Кристофер Нкунку откако му беше поништен еден гол, стрелаше во 27. минута, но гостите успеаја да израмнат на почетокот на второто полувреме преку Жота. Потоа на сцена стапи, Андре Силва, кој ги обезбеди трите поени за бундеслигашот со голови во 64. и 77. минута од мечот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Е
Ред бул Салцбург – Динамо Загреб 1:0
Челси – Милан 21.00 ч.


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ф
РБ Лајпциг – Селтик 2:1
Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк 21.00 ч.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top