Фудбалскиот клуб Реџина соопшти дека 21 фудбалер, тренерот, неговиот помошник и уште четворица членови на екипата се заразени со коронавирусот.
Фудбалскит сојуз на Италија, го одложи натпреварот помеѓу Реџина и Читадела. Овој натпревар требаше да се одигра во сабота.
За потсетување, Италија е една од најтежко погодените држави во светот од пандемијата на вирусот Ковид-19.