Челси и Манчестер јунајтед одиграа 1:1. Жоржињо беше централна фигура на натпреварот. По неговата лоша проценка, Санчо постигна гола за Јунајтед, а пота израмни од пенал.
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, го најде виновникот за грешката што ја направи Жоржињо во 50.минута.
„Погрешно ја процени ситуацијата. Мислам дека тоа се случи поради рефлекторите, силно светеа. Се случува тоа“, рекол Тухел.
Челси ја задржаа лидерската позиција на табелата со 30 поени, но сега имаа бод повеќе од Манчестер сити и два од Ливерпул.