Серхио Регуилон не сака да се врати во Реал Мадрид, негова желба е да остане во Севилја каеде што е позајмен оваа сезона.
Регуилон минатата сезона беше стандарден кај Жулен Лопетеги, имаше добар статус и кај Сантијаго Солари, но испадна од тимот кога на „Сантијаго Бернабеу“ се врати Зинедин Зидан.
Зизу на позицијата лев бек го врати својот миленик Марсело, а по завршувањето ан сезоната вложи 48 милиони евра во Ферлан Менди, го задржа Бразилецот, а на Регуилон му порача дека нема да смета на неговите удлуги.
Поради тоа тој замина на позајмица. Ја одбра Севилја кога Лопетеги беше промовиран во нов тренер.
На „Санчез Писхуан“ се избори за место во тимот. Сезонава е еден од најстандардните играчи на Севилја.
„Не се жалам. Убаво ми е овде, го сакам градот, клубот и соиграчите. Секако, никој не може да ја предвиди иднината. Тие одлуки ќе ги донесам на лето“, рекол Регуилон.