Top Sport

Регулон е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во врска со трансферот ан Серхио Регуилон влегле во завршната фаза тврди „Марка“.

Според овој извор клубовите се уште не постигнале договор поради барањето на Реал, по завршувањето на ова или наредната сезона, доколку сака да може да го откупи договорот на левиот бек.

Јунајтед во оваа фаза понудиле 25.000.000 евра за Регуилон, а за да ги натераат луѓето од Реал да се откажат од клаузулата за откуп биле подготвени да ја зголемат понудата.

„Црвените ѓаволи“ на позицијата лев бек ги имаат Лук Шо и Брендон Вилијамс, поради што менаџерот Солскјер бара сигурна опција за оваа позиција. Од друга страна Регуилон нема место во Реал бидејќи Зидан смета на Марсело и Ферлан Менди.

Scroll to Top