Top Sport

Спортмедиасет: Лаутаро Мартинез се договорил со Реал

Лаутаро Мартинез неколку месеци се поврзува со трансфер во Барселона, но на крајот напаѓачот би можел да заврши во најголемиот конкурент на Каталонците, Реал Мадрид, барем така тврди „Спортмедиасет“.

Според овој извор менаџерот на Лаутаро веќе ја договорил плата, на годишно ниво Аргентинецот ќе заработува 8.000.000 евра.

Оваа информација на „Спортмедиасет“ треба да се земе со резерва бидејќи Реал од почетокот на преодниот рок, најмногу поради финансиската криза, неколку пати кажаа дека нема да носат засилувања, туку дека ќе се обидат да го намалат ростерот.

Клаузулата за откуп на Лаутаро Мартинез изнесува 111.000.000 евра. Наводно Реал за трансферот ќе издвои 100.000.000 евра. Интер дел од парите ќе ги инвестира во играчот на Челси Нголо Канте.

Scroll to Top