Top Sport

Реина го спаси Милан и Џампаоло, а ја поправи и ВАР грешката во 93 минута (видео)

Милан со 2-1 славеше победа на гостувањето кај Џенова во рамки 7. Коло од Серија А.

Тимот предводен од тренерот Џампаоло, за кого пораз вечерва најверојатно ќе значеше и отказ, ги однесе трите бода во натпревар со многу тензија, со 3 црвени картони и непостоечки пенал за кој ВАР асистенцијата покажа дека е регуларен
Првото полувреме тимот на Милан го одигра катастрофално, безидејно, а во сивилото се вклопи и голманот Пепе Реина кој направи катастрофална грешка и му подари водство на противникот.

Шене шутна од слободен удар, а Реина ја испушти топката и таа падна зад гол линијата за 1-0 за Џенова.

Бекот на „росонерите“, Тео Хернандез на почетокот на второто полувреме донесе израмнување по една одлична соло акција, а само 5 минути подоцна нововлезениот Бираски играше со рака шеснаесетникот за што по прегледувањето на ВАР снимката, судијата му покажа црвен картон и покажа на белата точка.

Кеси го реализираше пеналот за 1-2.

Голманот на Милан, Шпанецот Пепе Реина од трагичар, стана херој на екипата откако му одбрани пенал на Шене во 93 минута од мечот. На пеналот му претходеше одлична асистенција на нашиот Горан Пандев кој влезе во игра во 88 минута, по што неговиот соиграч симулираше фаул и судар со Реина. Иако сите видоа дека нема пенал, ВАР асистенцијата одлучи судијата да досуди казнен удар.

Правдата беше задоволена откако Реина го одбрани ударот на Шене, а мечот заврши 1-2 за Милан.

Scroll to Top