Top Sport

Паднаа три рекорди на светските атлетски првенства во Доха

Три рекорди на светските првенства, никогаш поквалитетна финална дисциплина во фрлање ѓуле кај мажите, трките на 1.500 и 5.000 метри за атлетиларки го одбележаа денешниот ден на Светското атлетско првенство во Доха, Катар.

Холандската атлетичарка Сифан Хасан оствари редок пар светски наслови на едно СП. Таа на златото на трката на 10.000 метри со личен рекорд го додаде и златото на 1.500 метри со најдобро лично време, но и со рекорд на Светските првенства – 3:51.95 минути.

Светската првенка од Лондон, Кенијката Фејт Кипиеџон освои сребро, а бронзата отиде на градте на Етиопјанката Гудаф Цегај.

Најбрза трка на 5.000 метри трчаа атлетичарките. Дури 11 од 15 финалистки имаа лични рекорди, а Кенијката Хелен Обири ја одбрани титулата од Лондон со нов рекорд на Светските првенства – 14:26.72 минути.

До среброто стигна нејзината сонародничка Маргарет Челимо, а бронзата и припадна на Германката Констанце Клостерхалфен.

Никогаш во историјата на светските натпреварувања не се случило за да се стигне до пиедесталот да мора да се фрли ѓулето повеќе од 22 метри. Во Доха за бронза беше потребно 22,90 метри. Таа далечина Томас Волш ја достигна уште во првата серија и се до последната серија – златото му беше на дофат.

Тогаш на сцена стапи Американецот Џо Ковач кој фрли 1 сантиметар подалеку, а актуелниот олимписки победник Рајан Краусез исто како и Волш ѓулето го фрли на 22, 90 метри.

На стадионот се остварени три најдобри резултати во последните 29 години, Бразилецот кој имаше 22,53, најдобар досегашен резултат до денеска остана без медал, на чевртата позиција.

Женската штафета на Јамајка по петти пат славеше на 4 x 100 метри. Шели Ен Фрејзер – Прајс во втората измена ја донесе предноста. Среброто отиде кај Британките, а бронзата кај Американките.

Кај атлетичарите, спринтерите на САД ја оправдаа фаворитската улога. Кристијан Колеман, Џастин Гетлин, Мајкл Роџерс и Ноа Лајлс истрчаа најбрзо, со време 37.10 секунди. Среброто отиде кај штафетата на Велика Британија, а бронзата кај Јапонија.

Scroll to Top