Top Sport

Реконструкцијата на Барселона ќе започне со Депај

Новиот тренер на Барселона Роналд Куман има голема желба на „Ноу Камп“ да го донесе капитенот на Олимпик Лион, Мемфис Депај. Според „Радио Каталуња 1“, Куман со Депај ќе ја започне реконструкцијата во тимот. „Радио Каталуња 1“ претходно објави дека Лионел Меси му рекол на Куман дека сака да ја напушти Барселона.

Мемфис Депај од јануари 2017 година, кога во Лион пристигна од манчестер Јунајтед, се промовираше во лидер на францускиот тим. За Лион има одиграно 136 натпревари, на кои постигнал 53 голови.

Куман сметал дека Депај може да игра на позицијата на Луис Суарез и дека лесно би се вклопил во системот на Барселона.

Според „Трансфермаркт“ вредноста на Депај на фудбалскиот пазар изнесува 44.000.000 евра.

Куман, како што тврдат шпанските медиуми, ќе се обиде да донесе уште двајца фудбалери со кои работел во репрезентацијата на Холандија, Рони ван де Бек од Ајакс и Жоржињо Вајналдум од Ливерпул.

Scroll to Top