Фудбалерот на Кајзери Емре Демир го запиша своето име во историјата на турскиот фудбал. Тој стана најмладиот играч што успеал да постигне гол во сениорска конкуренција.
Демир има 15 години, а постигна гол за Кајзери на гостувањето во Анкара кај Генчлебирли. Играчот роден во 2004 година на теренот влегол во второто полувреме, а мрежата на противникот ја погодил во 71 минута.
Претходниот рекорд му припаѓал на актуелниот играч на Рома, Енес Унал, кој во дресот на Бурса на 16 годишна возраст постигнал гол против Галатасарај.