Во среда на „Ноу Камп“ ќе се одигра големото дерби на шапанскиот фудбал. Реал во „Ел Калсико“ ќе гостува кај Барселона. Инаку овој меч требаше да се одигра во октомври, но беше одложен поради нестабилната политичка ситуација во шпанската покраина Каталонија.
Како наближува натпреварот безбедносната ситуација во покраината која бара независност од Шпанија повторно се вложува. На денот на натпреварот најавени се протести, кои според организаторите треба да започнат пред стадионот.
Од Реал порачаа дека нема да дојдат во Барселона доколку не им биде гарантирана безбедноста. Поради тоа медиумите на Пиринеите шпекулираат дека мечот може да биде одигран на неутрален терен.
Во петокот на прес-конференција министерот на внатрешни работи на Каталонија и шефот на полицијата во Барселона порачале дека ќе бидат исполнети сите безбедносни услови потребни за одигрување на мечот.
Те најавија дека за безбедноста ќе се грижат 3.000 припадници на полицијата.