Само Баерн Минхен фазата во групи, во Лигата на шампионите, ја заврши со шест победи. Зад Баварците во Б-групата завршија Тотенхем, Олимпијакос и Црвена ѕвезда. Максималниот број на бодови на Баерн им донесе рекордна заработка од 75 милиони евра!
За пласманот во фазата по групи Баерн добиле 15.250.000 евра, шесте победи им донеле 16.200.000, а за пласманот во осмина-финалето од УЕФА се наградени до 9.500.000 евра. Најголема сума Баварците заработиле од историскиот коефициент, дури 33.240.000 евра.
Во сумата од 75.000.000 евра не се пресметани приходите од ТВ правата и влезниците. Со нив се очекува сумата да биде околу 100.000.000 евра.
Само за споредба Ливерпул минатата сезона ја освоија титулата, а за целата сезона заработиле нешто помалку од 100.000.000 евра, додека Реал Мадрид сезона претходно инкасирале 88.650.000 евра.