Top Sport

Гвардиола внимателен: Нема ништо поопасно од италијански тим кој не е фаворит

Пеп Гвардиола е на чекор пред својата можеби најдобра сезона во неверојатната тренерска кариера, откако по 4:0 победата на Манчестер сити над Реал Мадрид влезе во ново финале во Лигата на шампионите против Интер, меч во кој сигурно ќе се фаворити. Покрај тоа, веќе овој викенд со победа над Челси, Сити ќе потврдат уште една титула од Премиерлигата, а исто така ги чека и финалето во ФА купот против градскиот ривал, Манчестер сити.

„Секогаш очекуваш да играш добро, но не очекував да играме супериорно. Игравме со болката која ја имавме од стомакот од минатат година, и имавме енергија за ваков меч. Лани, самиот Тони Крос кажа дека немаше врска дали ќе дадеме шест или седум гола, бидејќи ‘Бернабеу’ е ‘Бернабеу’. Но, дома сме силни. Лани велеа дека немаме карактер, но денеска покажавме дека можеме да сме силни. Сега не чека Интер. Италијански тим. Нема ништо поопаасно од италијански тим кој не е фаворит. Но, ќе видиме, имаме време да се подготвиме“, објаснува Гвардиола.

Scroll to Top