Фудбалерите на Тотенхем ја забележаа втората победа во сезоната. Во третото коло, избраниците на Антонио Конте го победија Вулверхемптон со 1:0. Тотенхем има седум бода, Вулвс по вториот пораз останаа на само една победа. Натпреварот го реши голот на Хари Кејн во 64.минута.
Менаџерот на Вулвс, Бруно Лаж, во стартниот состав имаше седум свои собнародници, што досега никогаш не се случило на терените во Премиер лигата. Без класична „деветка“, Вулвс доминираа во првиот дел, но не искористија ниту една од трите добри шанси.
Тотенхем малку го крена нивото на играта во вториот дел, пред се успеа да ги затвори приодите кон голот на Љорис, а пресуди Кејн и неговиот гол по акцијата на Пеиришиќ и Сон.
Капитенот на Англија го постигна својот 185 гол и стана играч со најмногу голови за еден клуб во ерата на Премиер лигата.