Top Sport

Рекордерот Ракитиќ – Играч од поранешна Југославија со најмногу натпревари во Примера

Иван Ракитиќ, против Барселона, го одигра 369.натпревар во Примера. Поранешниот хрватски репрезентативец стана рекордер, кога се во прашање фудбалерите од просторите на поранешна Југославија. За еден меч, Ракитиќ, го престигна поранешниот играч на Ла Коруња и Валенсија, Мирослав Ѓукиќ.

Ракитиќ до оваа бројка стигна како играч на Севилја, во два мандати и Барселона.

Во Топ 10 покрај Ракитиќ и Ѓукиќ се уште и Хрватите Лука Модриќ и Давор Шукер, екс репрезентативецот на БиХ Мехо Кодро и Србите Дарко Ковачевиќ, Саво Милошевиќ, Вељко Пауновиќ и Славиша Јокановиќ.

Scroll to Top