Top Sport

Рекордерот Роналдо го спаси Јунајтед, срамотен пораз за Барса, Јуве пак е силен!

Јувентус го крена моралот во тимот, по 1:0 победата над европскиот шампион Челси (која можеби требаше да биде и поубедлива) за совршен старт на Лигата на шампионите, што не може да се каже за Барселона, која вторпат во два меча загуби со 3:0, овојпат на гости кај Бенфика.

Кристијано Роналдо во својот рекорден 178. меч во Лигата на шампионите го постигна побединичкиот гол за Манчестер јунајтед да победи со 2:1 против Вилјареал, додека Баерн Минхен го декласираше Динамо Киев со 5:0.

На „Олд Трафорд“, пак, продолжи неубедливата игра на Манчестер јунајтед, која на крајот падна во вода поради неверојатното победничко сценарио на Кристијано Роналдо. Во првото полувреме тие имаа среќа што Давид де Хеа е во фантастична форма, спасувајќи најмалку два гола, пред Пако Алкасер да ги донесе Вилјареал во водство во второто полувреме. Алекс Телес, кој игра на местото на повредениот Лук Шо, постигна прекрасен гол за израмнување, пред на сцена да стапи Роналдо во 95. минута од мечот.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Федерико Киеза постигна одличен гол по само 11 секунди во второто полувреме од мечот на „Алијанц стадионот“, а Федерико Бернардески требаше да зголеми на 2:0, но победата доаѓа во совршено време за тимот на Макс Алегри по неубедливиот старт на сезоната во ЛШ.

За Барселона, пак, засега, не се гледа излез од тунелот по 3:0 поразот од Бенфика. Дарвин Нуњез ги „начна“ Каталонците уште во 3. минута од мечот, Рафа Силва во 69. минута зголеми на 2:0, пред Нуњез со вториот гол од пенал во финишот на натпреварот да ги „дотепа“ Блауграна.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

ГРУПА Е

Баерн Минхен – Динамо Киев 5:0

Бенфика – Барселона 3:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

Манчестер јунајтед – Вилјареал 2:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г

Ред бул Салцбург – Лил 2:1

Волфсбург – Севилја 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

Јувентус – Челси 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top