Top Sport

Рекордот на Селтик застана на 69 меча по декласирањето од Хартс (видео)

Рекордната низа без пораз на Селтик заврши на 69 натпревари, откако во неделата, шкотскиот шампион доживеа тежок пораз од 4:0 од Хартс.

Тимот на Брендан Роџерс се обидуваше да стигне до 70 меч без пораз од назначувањето на него како тренер на стартот на минатата сезона, но на „Тајнкасл“ наместо тоа беа уништени. Давид Милинковиќ имаше два гола за домаќините, Кајл Лаферти додаде уште еден, а стрелец беше и 16-годишниот Хери Кокрејн.

И покрај поразот, Селтик се на првото место на табелата со два поени разлика пред Абердин.

Scroll to Top