Иако почетокот на кариерата на Роналдо во тимот на Јувентус, засега не ги оправдува целосно големите очекувања на италијанските навивачи, на Португалецот очигледно тоа не му пречи да ужива на јахта со својата девојка Георгина Родригез.
32-годишниот Роналдо уште не го постигна првиот гол во Серија А по три меча, и наместо тоа доби едно модро око за да се потенцира интензитетот на италијанската лига. Бидејќи не е дел од португалската репрезентација за првите мечеви од Лигата на нации, одморот е најлогично решение, посебно кога е потребно да се фатат последните летни сончеви зраци.