Top Sport

Моја: Рафа живее во заблуда дека уште има 20 години

Тренерот на Рафаел Надал, поранешниот светски број 1, Карлос Моја вели дека неговиот пулен мора да игра помалку тенис ако сака да остане подолго на тениските терени, посебно бидејќи веќе има 32 години.

„Се обидуваме да имаме вистински распоред, на пример, оваа година не игравме толку многу како претходно кога се повредуваше. Сега дојде во Њујорк во добра форма и со многу самодоверба“, открива Моја откако Надал го мина четвртото коло на САД опен со победа над Карен Хачанов.

Моја открива дека е тешко да се биде разумен со Надал, кој уште верува дека може да игра како кога имаше 20 години, иако оваа година ги пропушти турнирите во Синсинати и Квинс Клаб.

„Сите во тимот се обидуваме да го убедиме, но тој верува дека има 20 години и сака да игра на секој можен турнир на секое можно место и да биде 100 отсто подготвен, а тоа не е возможно во овој дел од неговата кариера. Се обидуваме да му помогнеме, да го направиме агресивен на хардкорт и да направиме мали промени на играта“, вели Моја.

Scroll to Top